(ФОТО) Пецаков: Охрид промовиран на саемот за туризам во Белград

Природните потенцијали и уникатното културно богатство на Охрид како атрактивна туристичка дестинација се промовираат на 44. Меѓународен саем за туризам во Белград, Србија кој се одржува од денес до 26-ти февруари.
Заедно со претставниците Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, претставниците на ХОТАМ и останатите туристички чинители, ќе ја презентираме туристичката понуда за 2023-та година и ќе оставариме средби со туроператори од регионот.
На саемот за туризам во Белград кој оваа година се одржува под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“ се презентираат околу 350 изложувачи од 33 земји, пишува во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.