Паузата на полувремето на кошаркарските натпревари обично е резервирана за настап на навивачките или повремена забавна програма. Во салата „Пионир“ во Белград, сцената беше сосема поинаква на кошаркарскиот натпревар меѓу Црвена Звезда и германската Алба Берлин.
Девојката Павлина Радовановиќ (13) облечена во народна носија ја изведе песната „Генерали, генерали, мајка ти да се прослави!“. Станува збор за песна посветена на Вељко Раденовиќ, поранешниот командант на специјалните полициски единици во Призрен за време на војната во Косово.
Цела сала едногласно пееше воена песна во која се споменува дека ги „тепал арнаутските банди“. Терминот Арнаути е турцизам кој се однесува на Албанците, најчесто во погрдна смисла.
Prelep glas Pavline Radovanović koji na poluvremenu nikoga nije ostavio ravnodušnim ❤️💙🤍#kkcz #TogetherWeCan #EveryGameMatters pic.twitter.com/K90IUnccFi
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) February 24, 2023
Србите го паметат Раденовиќ како човекот кој го бранеше градот Ораховац во западно Косово од силите на Ослободителната војска во 1998 година.
Црвена звезда го загуби натпреварот со 87-72, а останува да се види како на се ќе реагира Евролигата откако домаќините несомнено ја искористија спортската сцена за да испратат политички пораки.
index.hr