Охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир, кај него пронајден остар предмет

На 24-02-2023 година во 09 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е (44) од Охрид кој, претходно на улицата „Партизанска“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир.

При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа остар предмет. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.