Се евакуираат основни училишта во Аеродром и Центар поради дојава за поставени бомби

Утринава во неколку училишта во скопската општина Аеродром повторно има дојави за поставени експлозивни направи.

Во моментот се евакуираат Основните училишта „Браќа Миладиновци“, „Лазо Ангеловски“,„Александар Македонски“.

До овој момент поснато е дека има дојава и во основното училиште „Киро Глигоров“ во скопската општина Центар.

Веројатно има дојави и во други училишта, а полицијата најавува информација подоцна.

фото: Архива