(ВИДЕО) Романски советник се појавил гол на онлајн состанок

0
108

Пратеникот од Социјалдемократите (ПСД) Алберто-Иосиф Караијан, политичар од Романија се појави целосно гол на камерата на својот лаптоп за време на директен пренос од состанок.

Кога се појавил во кадарот, претседателот се насмевнал, по што во останатиот дел од собата се слушнала смеа.

– Алберто ја исклучи камерата – се слушна глас во салата, по што Карајан зажали:

– Не можам да го исклучам, целосно се извинувам, настинат сум и не знам како да го исклучам.

Конекцијата со видео конференција што ја користи значела дека камерата автоматски се вклучува кога микрофонот бил вклучен.

– Технологијата си игра со мене. За жал, ја платив цената за брзањето! Навистина ми е жал за немилата случка – се извинил на Фејсбук.

видео:Digi24HD