Грчкиот министер за транспорт поднесе оставка: Ова се нарекува политичка одговорност

This aerial drone photograph taken on March 1, 2023, shows emergency crews searching wreckage after a train accident in the Tempi Valley near Larissa, Greece. At least 32 people were killed and another 85 injured after a collision between two trains caused a derailment near the Greek city of Larissa late at night on February 28, 2023, authorities said. A fire services spokesman confirmed that three carriages skipped the tracks just before midnight after the trains -- one for freight and the other carrying 350 passengers –- collided about halfway along the route between Athens and Thessaloniki.,Image: 759451451, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Vasilis VERVERIDIS / AFP / Profimedia

Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради железничката несреќа што се случи во близина на Лариса и во која животот го загубија најмалку 36 лица.

– Само што се вратив од местото на железничката трагедија кај Темпи. Болката не може да се опише. Факт е дека грчката железница ја презедовме во состојба која не одговара на 21 век. Во овие три и пол години вложивме максимални напори да ја подобриме оваа реалност. За жал, овие напори не беа доволни за да се спречи ваква несреќа. И ова е многу тешко за сите нас и за мене лично – вели Караманлис.

Тoj oбјаснува дека кога се случува нешто толку трагично, не е можно да се прават дека не се случило, и додава дека иако е кусо време во политиката, смета дека „неопходен елемент на демократијата е граѓаните да му веруваат на политичкиот систем“.

– Ова се нарекува политичка одговорност. Поради тоа поднесувам оставка од функцијата министер за транспорт и инфраструктура. Чувствувам должност да го сторам ова како минимален знак на почит кон луѓето кои толку неправедно заминаа и преземајќи ја одговорноста за безвременските грешки на грчкиот државен и политички систем – вели Караманлис.