На 01.03.2023 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода лице на (34) години од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од кокаин.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.