„Изминатите години сите ние знаеме да кажеме една поговорка или изречица „Нема леб тука“ е ова „Нема леб тука“ премиере го направивте да биде навистина да нема леб тука. Не можам да ве разберам со кој памет излегувате и пробувате да оправдате или да или да излажете колку е тоа добро,кога ние за леб немаме. Нема леб, вие ни зборувате тука за економија за патишта за инвестиции за капитални инвестиции а леб нема“, кажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Јанушев нагласи дека десет месеци преку еден ден има закани за бомби во училиштата, и учебната година ќе заврши а учебници нема.
„Не можам да разберам како десет месеци ако не секој ден преку еден ден ни се јавуваат учителките да си ги земеме децата, поради бомби, толку ли нема некој кој ќе каже дајте направете нешто, ајде што нема учебници, ајде што ќе заврши школската година немаат од што да учат, зошто молчите, зарем тоа е европскиот пат премиере“, кажа Јанушев.
Пратеникот Јанушев го праша премиерот за кој животен стандард зборува во експозето кога потрошувачката кошничка никогаш не била поголема, со две плати не може да се врзе крај со крај.
„Морам да ви признам како добро ги изигравте Алијанса, под превезот на ќе го зголемуваме мнозинството, едвај го изедначивте, ама под плаштот на тоа дека се зголемувате окрупнувате и поради Европа морам да признам дека многу добро ги изигравте. Веројатно тоа е единственото нешто за кое што можеме да ви признаеме дека сте добри. Да зафркнете некого, да го превеслате, да украдете и да излажете. Кој животен стандард да се навратам на експозето на премиерот, потрошувачката кошничка поголема никогаш не била, со две плати не може да се врзе крај со крај а вие зборувате како е подобро. Срамно е ова што го правите“ нагласи Јанушев.
Јанушев кажа и дека , госпоѓата Маја Манолева, во моментот покрај предлогот да биде заменик министер за здравство во моментот е В.Д Директор на јавната здравствена установа завод за физикална медицина и рехабилитација и истовремено е управител на приватната здравствена установа „Физиоплус – д-р Манолева“ и за ова веќе била опоменета од ДКСК.
„Она што е интересно е предлогот за здравство, која што впрочем не доставила ниту биографија, госпоѓата Маја Манолева, во моментот покрај предлогот да биде заменик министер за здравство во моментот е В.Д директор на јавната здравствена установа завод за физикална медицина и рехабилитација и истовремено е управител на приватната здравствена установа „Физиоплус – д-р Манолева“ и за ова веќе била опоменета од ДКСК дека треба да се повлече од една од двете функции бидејќи има судир на интереси но петнаесет дена не го направила тоа, и вие сакате да ја направите заменик министер“, нагласи Јанушев.
извор: ВМРО ДПМНЕ