Во записник на Владата, на 24-та седница на Владата на 24 ноември 2020-та година, кога вицепремиер е Артан Груби, а заменик министер за финансии е Димитар Ковачевски, а премиер е Зоран Заев“, Владата ја разгледуваше информацијата за изградба на пруга Бељаковце – Крива Паланка“. Владата заклучила сите државни институции, општини кои реализираат капитални инвестиции поголеми од еден милион евра во денарска противредност да не ја ангажираат шпанската фирма „Ептиса“ од причини што истата неетички, незаконски и несоодветно постапила како надзор во поглед на првата фаза од изградбата на железничката пруга Куманово – Бељаковце“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:
На 16.11.2021 година министерството за транспорт и врски ја надсинхронизира Владата и дава позитивна референца на истата компанија „Ептиса“.
Потоа се објавува тендер за надзор за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10А, автопатиштата. Краен рок за поднесување понуди е 17-ти октомври 2022 година во 11 часот. Седум дена пред истекот на крајниот рок се менува тендерската документација и тоа се менува во делот за странски понудувач доколку не се издава извештај за биланс на состојба и податоци од биланс за успех 2019-та, 2020-та и 2021 година заверен од надлежен орган, тогаш се доставува копија од ревизорски извештај кои треба да бидат позитивни. Се брише ова за да бидат позитивни, а зошто? Затоа што компанијата има негативни во последните три години.
Се продолжува рокот на 25.10 и најповолен понудувач е конзорциумот „ИРД инженеринг“ здружено со „Ептиса“ за која владата забрани да се работи. Овие треба да одлучуваат за 2 милијарди евра на граѓаните.
На Ковачевски и на Груби не им е гајле за ЕУ, туку за епски криминал од неколку милијарди евра со Коридорот 8, еве како пљачкаат 2 милијарди евра.
извор: ВМРО ДПМНЕ