Истрагите кои Обвинителството ги oтворило против три лица, кои во морето на закани за бомби и самите решиле испратат заканувачки мејл или повик, не се водат под кривичното дело „тероризам“.
Според истражувањето на КОД, обвинителството сите три случаи уште ги нема завршено, а истрагите наместо за тероризам ги води за друго кривично дело.
Еден случај е отфрлен поради недостаток на докази иако МВР во пријавата наведе дека осомничениот сам го признал делото.