Исчезна внукот на Љубе Бошкоски, 26 годишниот Самоил

Внукот на Љубе Бошкоски од братот на неговата сопруга, Самоил Костадиновски пред два исчезнал, што било пријавено и во МВР, објави Фокус.

МВР во дневниот билтен објави дека е исчезнато 26-годишно лице.

– На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира МВР.

На социјалните мрежи беше објавен апел за помош од граѓаните, а според нив, Костадиновски бил киднапиран во близина на Чешката амбасада. Сепак, објавата набрзо беше повлечена.

извор: Фокус