(ФОТО) Како сцена од бајка: Оваа ботаничка градина се смета за една од најубавите во светот

0
266

Наскоро се отвора една од најубавите ботанички градини во светот. Тоа е Кеукенхоф во Холандија, кој е познат и како Градината на Европа.

Ова е една од најголемите цветни градини во светот, која се протега на 32 хектари. Таму секоја година се садат над 7 милиони цвеќиња, од кои 800 се лалиња, најпознатите цвеќиња во Холандија. Исто така, Кеукенхоф со години се вбројува меѓу најубавите места во светот.

Градините постојат од 1949 година, а за посетители се отворени само од крајот на март до почетокот на мај. За тој краток период, Кеукенхоф секоја година успева да привлече повеќе од милион луѓе. Освен со лалиња, четирите павилјони на Кеукенхоф се украсени и со колекција од зумбули, нарциси, орхидеи, рози, каранфили, ириси, лилјани…

Годинава Кеукенхоф ќе биде отворен за посетители од 23 март до 14 мај.

 

index.hr