Четири вооружени лица облечени во црна облека, некои очевидци велат во црни униформи, со фантомски сокриени лицата, излегле од автомобил „ауди А6“ влегле во кафулето Шиша бар под Калето, се претставиле како полицајци, се качиле на вториот кат и влегле во “мониторинг“ салата каде повикале „рација“ и испукале неколку куршуми, дознава МКД.мк. Од истрелите две лица биле убиени, а едно е рането.
Според порталот, убиени се Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исеинов со прекар Лаци. По убиството, со „аудито“ четирите лица го напуштиле местото, а наскоро возилото било полиено со бензин и запалено, а за тоа сведочи само регистерската табличка.
извор: МКД.мк