Мицкоски: Пратениците треба да знаат дека уставни измени не се вклучување на дел од бугарскиот народ во преамбулата, туку спас на политичката кариера на Груби, Ахмети, Ковачевски…

Секој пратеник во парламентот да знае уставни измени не се вклучување на дел од бугарскиот народ во преамбулата, туку спас на политичката кариера на Артан Груби, на Али Ахмети, на Димитар Ковачевски, на Бојан Маричиќ и на останатите, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и додаде:

„Треба секој еден да знае кој ќе седне ќе размислува дека сега не гласа ниту за европскиот пат, ниту за интеграција, туку гласа да продолжи криминалот. Гласа да продолжи корупцијата во РЕК Битола и тендерите во четири очи. Секој оној кој што мисли дека гласа за промени на преамбулата, не гласа за промена. Гласа за да продолжи срамот, да продолжи апертхејдот да продолжи угнетувањево во Македонија“. истакна Мицкоски.

извор: ФБ Христијан Мицкоски