Авионот на Кроација ерлајнс кој денеска летал за Копенхаген се свртел и се вратил во Загреб. Портпаролот на компанијата Давор Јанушиќ изјави дека авионот превентивно бил пренасочен назад кон аеродромот во Загреб, каде што бил извршен преглед, каде била констатирана мала грешка во системот за ладење, по што повторно полетал.
„Се беше направено во согласност со безбедносните процедури на компанијата. Авионот можеше да лета дури и со таква индикација, но беше вратен во Загреб бидејќи таму се наоѓаше техничкиот центар на компанијата, каде што најлесно можеше да се отстрани дефектот и најбрзо“, изјави Јанушиќ.
Авионот бил прегледан на постојката, а патниците не го ни напуштиле. Во 10:40 повторно полета за Копенхаген. Патниците ќе пристигнат на својата дестинација со задоцнување од нешто повеќе од два часа, за што Кроација ерлајнс се извинува.
index.hr