Најмалку осум лица загинале, а повеќе се повредени синоќа во пукање во црквата на Јеховините сведоци во Хамбург во северна Германија. Престрелката се случила во областа Грос Борстел во Хамбург.
Полицијата соопшти дека на местото на нападот пронашла едно тело и се претпоставува дека е сторителот, но истрагата е во тек.
Од полицијата наведуваат дека напаѓачот дејствувал сам, но дека се уште не е јасен мотивот за нападот.
Портпаролот на полицијата изјави дека откако дошла полицијата слушнала уште еден истрел од горниот кат. Градските власти ги предупредија жителите да ја избегнуваат областа.
Градоначалникот на Хамбург, Петер Шенчер, изјави дека е ужаснат од смртоносното пукање за време на собирот на Јеховините сведоци во тој град.
„Најдлабоко сочувство до роднините на жртвите. Полицијата работи напорно за да ги пронајде сторителите и да ја расветли позадината на злосторството“, напиша Шенчер.
фото: Илустрација slobodnaevropa.mk