Одложено рочиштето за случајот со родилката од Струга

0
147

Се уште не започнато, одложено и третото рочиште за родилката Јилдиз Веапоска која тврди дека во 2020 по породувањето во Струга, и биле извадени неколку органи. Рочишттео се одложи бидејќи не дојде адвокатот на обвинетата лекарка Лилјана Јованоска.

Адвокатот на оштетената, Сашо Јанев рече дека честопати адвокатите на обвинетите користат такви тактики за одложување на рочиштата, но се надева дека не станува збор за тоа и во овој случај.

Оштетената Јилдиз Веапоска вели дека случајот почнал со одложувања од самиот почеток, но се надева дека ќе дојде ден кога правдата ќе победи.

Веапоска достави тужба против гинекологот Мухамед и Блертим Асани како и Лилјана Јованоска. Лекарите го негираат обвинението и велат дека во случајот со родилката Веапоска нема никаква лекарска грешка. Следното рочиште е закажано за 9 мај.

 

тв21