Се трага по 34-годишен прилепчанец

0
75

Семејството на Лазе Ристески, лице со посебни потреби, бара помош за неговото пронаоѓање.

Како што пренесувалокалниот портал „Маркукуле“, Ристески го напушта домот вчера утрото во 06 часот и му се губи секаква трага.

Облечен во долни сини тренерки, во влечки и носи црвен ранец.

Неговото семејство и пријателите го бараат во изминатите 24 часа, но не можат да го пронајдат, и веќе ги имаат известено сите надлежни органи и полцијата.

Секој кој има било каква информација, да се јави на телефонскиот број: 077 791 460.