Во декември месец Евроамбасадорот Дејвид Гир и лидерот на ДУИ, Али Ахмети имаа средба во просториите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Два месеци подоцна Гир призна дека направил грешка што таа средба се одржала во министерството.
– “Понекогаш луѓето грешат. Јас направив грешка затоа што средбата се одржа во просториите на Министерството за политички систем, тоа се институции во кои треба да се одржат состаноци кои ја засегаат само Владата. Ја признавам грешката“, рече Гир.
Евроамбасадорот оцени и дека загрижува слабата имплементација на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Тој потенцираше дека сите препораки на ДКСК како и на Државниот ревизор не се тајни, туку се јавно достапни и граѓаните очекуваат истите да бидат доследно имплементирани.