(ВИДЕО) Лила со кратка коса, без перика се појави на Саемот за венчавки

Во црн гламурозен фустан и со својата природна кратка коса, Лила Филиповска вечерва го украде вниманието на отварањето на традиционалниот Саем за венчавки.

Познатата водителка и инфлуенсерка се појави на настанот како ѕвезда и уште еднаш покажа дека е вистинска лавица и покрај исклучително тешките животни премрежја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Во ексклузивно интервју за магазинот „Убавина и здравје“ Лила конечо проговори за најмрачниот период од кој, за среќа, излезе како победничка. Ракот дефинитивно ѝ го промени животот, но, како што вели, не и нејзината вредност.

„Првпат зборувам за мојата борба со канцерот, но не да ве траоризирам, туку да ви кажам дека го победив тоа зло после година и кусур борба и дека сум тука да помогнам некому заедно да го победиме. Не заборавајте, канцерот не е непобедлив! Јас сум доказ!“, им порача таа на своите следбеници на социјалните мрежи.

 

idol.mk