Иран купува воени авиони Су-35 од Русија

Иран го финализираше договорот за купување на „Борбените авиони „Сухој-35“  цитираше телевизиската станица IRIB изјава на иранската мисија во Обединетите нации во Њујорк.

Во извештајот не се споменува никаква руска потврда за договорот, ниту пак детали од договорот.

Рускиот претседател Владимир Путин се состана со иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи во Техеран минатиот јули, сигнализирајќи поблиски врски поради притисокот на Западот околу војната во Украина.

Иран призна дека испратил беспилотни летала во Русија, но тврди дека тие биле испратени таму пред инвазијата на Москва на Украина минатата година.

Москва негира дека нејзините сили користат беспилотни летала од Иран во Украина, иако многумина се соборени и вратени од таму.

Иранските воздухопловни сили имаат само неколку десетици напредни борбени авиони. Станува збор за руски авиони и застарени американски модели купени пред иранската револуција во 1979 година.