(ВИДЕО) Српското МВР објави видео од апсењето на осомничените за убиството на Ранко Ескобар

Министерството за внатрешни работи на Србија објави снимка од апсењето на осомничените за убиството на криминалецот од Никшиќ во регионот познат како Ранко Ескобар“, пренесуваат српските медиуми.

Ранко Р. (55) беше убиен пред два дена на бензинска пумпа во Белград. Неговото име се спомнуваше во јавноста како сопственик на еден блиндиран автомобил најден во гаражата на Марко Миљковиќ, десната рака на српскиот криминалец Вељко Беливук.

Српската полиција соопшти денес дека ги уапсила С.З. (28) и Л.В. (26) поради сомнеж дека извршиле дело тешко убиство.

На осомничените им е одредено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изнесени пред надлежното обвинителство.

видео: МУП Србија