Манасиевски: Му подаруваме реквизити за антистрес терапија на вицепремиерот Груби и упатуваме порака за поддршка и понуда за помош

Вицепремиерската функција и успешното водење на најважното министерство во државата бараат големи напори и вистинска жртва. Многупати, оваа жртва во интерес на граѓаните се манифестира преку појава на нервоза и стрес.

Сериозно сме загрижени за овие појави кај премиерот, простете, првиот вицепремиер, господинот Артан Груби, Истакна Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конфренеција.
Во продолжение ја пренесуваме истата во целост:

Сигурни сме дека макотрпната работа во интерес на народот и двоењето од својот џеб влијаат на неговото здравје и токму поради тоа упатуваме поддршка и нудиме помош.

Како човек не би бил под стрес, кога како успешен претприемач и иноватор истовремено раководи со десетици бизниси. Како човек би бил целосно мирен кога во својот живот е оставен само со огромен фамилијарен дуќан на улица Македонија, еден скромен хотел на Попова Шапка, а единствени приходи обезбедува од провизии за минијатурни проекти како изградба на автопати.

Почитуван г. Груби.

Веруваме дека човек кој храбро се бори за иднината на Македонија, без притоа да има личен бенефит, не треба да се остави да ги помеша спомениците на Адем Јашари и Дража Михајловиќ. Послужете се со оваа антистрес терапија и бидете сигурни дека младите секогаш ќе бидат на ваша страна.

извор: ВМРО ДПМНЕ