Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одгворарајќи на новинарско прашање по денешната пресконференција прашува дали ЕЛЕМ или сега ЕСМ фатени во зафати по теркот на мрачната приватизација, не одговараат дали на вработените 200 лица им е прекинато вработувањето на неопределено време и дали им се дадени договори за времено вработување по теркот „земи или остави“?
Стоилковски исто така, потенцира дека тие не одговорија за долгот на ЕЛЕМ ТУРС кон 100-тина доверители?
– И можеби најинтересно, од ЕЛЕМ или сега ЕСМ не одговорија дали од стечајот на ЕЛЕМ ТУРС не создадоа две нови фирми со иста дејност, едната водена од кадар на ДУИ а втората е доделена на СДС со директор личниот другар и шофер на Васко Ковачевски, до вчера, генерален директор на ЕЛЕМ? – вели тој.
Стоилковски нагласи дека без овие конкретни одговори, ДУИ и СДС потврдуваат дека ЕЛЕМ ТУРС е уште една жртва на мрачната приватизација и обид туристичките капацитети на Попова Шапка, Маврово, во Дојран, Струга и Охрид, да завршат во партиски раце, потврдуваат раскрчмување на државниот имот од последната државна компанија, на штета на државата.
извор: ВМРО ДПМНЕ