Власта не е спремна за стартот на учебната година, уште еден 1 септември без учебници за учениците, велат од ВМРО ДПМНЕ

Власта не е спремна за стартот на учебната година, уште еден 1 септември без учебници за учениците.

Од 1 септември повторно нема да има учебници за сите ученици.

Власта на ДУИ и СДС е неспремна да организира образовен процес, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:

За што се издвојуваат милиони евра од буџетот за учебници, кога учениците ги добиваат на средина на учебната година?

Заради неспособноста на власта од буџетот се издвојуваат неколкукратно пари еднаш за скрипти или скенирани учебници, втор пат за печатење.

Власта е неспособна да го менаџира образованието, од ден во ден се повеќе тоне. Потребни се промени. Потребни се избори.

извор: ВМРО ДПМНЕ