Македонската одбојкарска селекција брои ситно за својот премиерен настап пред својата публика на едно Европско првенство. Македонија за првпат во историјата ќе биде домаќин на еден вака голем спортски собир на Стариот континент, а нашите „спартанци“ ќе го остават срцето на терен за историски успех и пласман во втората фаза.
Еден од најдобрите одбојкари на Македонија, Александар Љафтов, на овој шампионат ќе настапи со специјални патики на нозете. Очекувано, доминира македонското знаме, а на предниот дел испишан е дел од нашата национална химна.
Македонија во првото коло од шампионатот ќе се сретне со селекцијата Данска, натпревар кој се игра на 30 август.