„Сè секаде, одеднаш“ е прогласен за најдобар филм на 95-тата церемонија на доделување на Оскарите што се одржа вчера во театарот Долби во Лос Анџелес, јавува Анадолу.
Филмот за кинеско-американскa сопственичка на пералница која се бори со ревизија на даночната управа и интердимензионални напаѓачи, ја однесе главната награда на вечерта, освојувајќи го Оскарот за најдобар филм.
Наградата за најдобар актер ја освои Брендан Фрејзер за улогата во филмот „Кит“.
За најдобра актерка е прогласена Мишел Јуо за улогата во филмот „Сè секаде одеднаш“.
Наградата за најдобра режија и најдобра монтажа ја доби филмот „Сè секаде одеднаш“, на Пол Роџерс.
За најдобар странски филм е прогласен „На Запад ништо ново“. Филмот доби и Оскар за најдобра филмска фотографија.
За најдобри споредни актери беа прогласени Ке Хуј Куан во категоријата мажи и Џејми Ли Кертис во категоријата жени. И двајцата беа наградени за улогите во филмот „Сè секаде одеднаш“.
За најдобар документарен филм е прогласен „Навални“, филмот на Даниел Рохер за рускиот дисидент Алексеј Навални.
„Црниот Пантер: Ваканда засекогаш“ е награден за најдобра костимографија, а филмот „Кит“ за најдобра шминка и фризура.
За најдобра оригинална песна е прогласена „Нату Нату“ од филмот „РРР“, а наградата за најдобар звук во филм ја освои филмот „Топ ган: Маверик“.