Утрово во 10.40 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Илинденска“ во Гостивар бил пронајден починат М.А.(63) од гостиварско Чегране. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид.
По наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото на починатиот.
фото: Архива