Пациентка од Тетово бара одговорност за тоа што останала без гради поради лажна дијагноза за канцер

Пациентка од Тетово со двојна масектомија побара одговорност од докторите од Клиниката за онкологија и радиотерапија кои сугерирале операција поради сомневање за канцер, објави „Слободен печат“.

56-годишната С.С. од Тетово останала без градите, откако добила лажна дијагноза за рак на дојка.

– Имам една добра и една лоша вест за вас. Добрата вест е дека нема да мора да одите на хемотерапија. А лошата е, што не требаше да ви ги отстраниме градите, не сте имале карцином, открива С.С. за „Слободен печат“.

Тетовката бара одговорност за тоа што останала без гради поради лажна дијагноза за канцер.

 

slobodenpecat.mk