Царински службеници на граничниот премин #Ќафасан на влез во државава месецов запленија непријавена стока во два посебни случаи, за кои ќе се спроведе постапка за утврдување на правото од интелектуална сопственост.
➡️На 4 март царинските службеници на Ќафасан заплениja пратка од женски чанти со потписот на познати модни брендови кои албански државјанин сакал да ги продава во државава.
➡️На 11 март царинските службеници запленија пратка од 50 пара патики и 23 ранци во возило со италијански регистарски таблички управувано од македонски државјанин.
👉Против лицата се поднесени соодветни пријави, а стоката е привремено одземена и предадена на понатамошна постапка.
❗️Македонската царина ги повикува граѓаните заради нивна безбедност и заштита да купуваат стоки со потврдена интелектуална сопственост од официјални застапници.
извор: Царинска управа