Кина ќе издава визи за влез во земјата во сите категории

0
107

Кина денес објави дека од среда ќе продолжи да издава визи за странци во сите категории, јавува Анадолу.

„Одлуката е донесена за дополнително олеснување на прекуграничното патување“, објави државната новинска агенција Синхуа, цитирајќи го Министерството за надворешни работи на земјата.

Пекинг ја напушти својата драконска политика на нулта стапка на Ковид-19 во декември минатата година, а во јануари го укина условот за изолација за патниците по пристигнувањето во Кина.

извор: Анадолу.
фото: Анадолу.