(ФОТО) Брендон од Беверли Хилс се женеше два пати, првиот брак му траеше една година а во вториот се „смири“

Брендон Волш од познатата серија „Беверли Хилс 90210“ наполни 51 година. Улогата во хит ТВ приказната ја доби како 21-годишен млад човек, а еве што се случило во животот на Џејсон Пристли од тогаш.

Пристли е роден во Ванкувер, Канада, а почнал да глуми во 1984 година. Глумеше во серијата „Беверли Хилс 90210“ до 2000 година: во девет сезони ја играше главната улога, а потоа во 10-тата сезона гостуваше.

Иако оваа улога останува најзначајната и најпозната во неговата кариера, Пристли сето ова време (па и пред улогата на Брендон) напорно снима, за што сведочи импресивната листа на неговите телевизиски и филмски улоги. Ќе ги споменеме сериите во кои глумеше: „Danger bay“, „Medium“, „Private eyes“, „Hot in Cleveland“, „Dark angel“, како и филмовите: „The Boy Who Could Fly“, „ Насловна приказна“, „Произведено во Бруклин“, „Зум“ (2015), во која ја одигра својата последна филмска улога досега.

На врвот на популарноста – и улогата на Брендон му донесе планетарна слава, тој се ожени со Ешли Петерсон. Тоа беше во 1999 година. Бракот траеше само една година. Пред 15 години се ожени со Наоми Лоуд-Пристли, со која ја добија ќерката Ава Вероника (13) и синот Дашиел Орсон (11).

И поранешната и сегашната сопруга работат како шминкери, а по пропаѓањето на првиот брак Џејсон, кој изгледа одлично во педесеттите години, се смести покрај атрактивната Наоми.

 

 

blic.rs