More

    Мицкоски заедно со Попов остварија средба со европратеничката и претседател на Младината на ЕПП, Переира

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Ѓоргиев потпретседател на УМС , Тодор Конески секретар за меѓународна соработка на УМС на ВМРО-ДПМНЕ како и Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на партијата, остварија средба со европратеничката и претседател на Младината на ЕПП Лидиа Переира, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ

    Во продолжение на истото од партијата додаваат:

    На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и генералните политики кои власта ги спроведува за младите.

    Претседателот Мицкоски заедно со Попов ја информира европратеничката Переира за проблемот со иселувањето, незадоволство на младите како и отсуството на реформи за младите чиј епилог е масовно чувство на апатија и разочараност.

    Мицкоски посочи дека како претседател на најголемата политичка партија во Македонија ја поттикнува младинската соработка на сите полиња како и потребата од умрежување на младите и креирањето на младинските политики.

    Попов како претседател на УМС истакна дека на младите власта треба да им даде поголема улога во креирањето на политиките и дека борбата на УМС е иднина каква заслужува секој млад човек.

    Претставниците на партијата укажаа дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведи реформи и политики со кои ќе им се овозможи на младите својата иднина да ја градат во сопствената држава, а не надвор.

    Соговорниците се согласија дека ваквиот тип на средби треба да продолжат и во иднина.

    извор: ВМРО ДПМНЕ

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    11.8 ° C
    11.8 °
    11.8 °
    47 %
    1kmh
    0 %
    Thu
    12 °
    Fri
    19 °
    Sat
    22 °
    Sun
    16 °
    Mon
    11 °
    spot_imgspot_img