Едно лице е убиено во денешната престрелка во хотел во Приштина, додека две повредени се испратени на лекување, изјави портпаролот на полицијата за регионот на Приштина, Флор Ахмети. Според неа, смртта констатирала лекарска екипа на лице место.
– Денеска околу 13 часот и 20 минути полицијата добила информација за пукање во хотел во населбата Драгодан во Приштина. На местото на настанот веднаш пристигнале полициски единици и медицински екипи – рече Ахмети.