Во Црна Гора, баба со внукот скокнала во река, по што таа починала, а бебето го спасиле.
Ова се случи денеска во Подгорица кога жена и машко бебе скокнаа во реката Морача. Како што неофицијално информираат од полицијата за порталот Побједа, се сомневаат дека се работи за самоубиство.
Побједа објави дека работниците на градското претпријатие „Зеленило“ Алфи Ибрахимовиќ и Алмир Мујак го извлекле и спасиле бебето од реката.
Ибрахимовиќ и Мујак извршувале редовни работни задачи во близина на мостот Блаж кога виделе дека бебето паднало во реката. Со брза реакција успеале да го извлечат детето на брегот. Детето било без свест, а албанскиот пратеник во шведскиот парламент Аднан Дибрани, кој случајно се нашол на лице место, успеал да ја истисне водата од белите дробови на момчето и да го врати во живот.
faktor.mk