(ВИДЕО) Македонското чудо од дете – Македон: „Во иднина се гледам како претседател на Македонија“

Македон Димитровски – Македонско чудо од дете ученик во О.О.У „Лирија“ Тетово. Тој во моментов е во второ одделение, има само 7 години но решава математички задачи од втора година од средно образование. Нашиот мал генијалец ни донесе златен медал по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет.
Тој е дружељубив и секогаш расположен за своите другарчиња и соученици. Меморијата на Македон е на завидно ниво, зборува течно англиски, а учи германски, грчки и кинески.

Македон на крајот од старата ни подарува Новогодишното видео полно со позитивна енергија, кое е подготвено во рамки на кампањата „Вложуваме во млади таленти“, поддржана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, во рамки на која Македон доби финансиска поддршка за развој на својот исклучителен талент.

Дали другарчињата препишуваат од Македон е само едно од забавните прашања на кои одговара малиот математички гениј Македон Димитровски во видеото од 120 секунди.

 

видео FB ASOM

Поврзани вести…

Македонскиот генијалец Македон, се сретна со претседателот

Македонија има генијалец, 7 годишниот Македон решава задачи од втора година од средно образование – Донесе златен медал по математика во конкуреција со 4.000 ученици од цел свет