(ВИДЕО) Емотивна прослава на 68. роденден на Брус Вилис

0
224

Холивудската ѕвезда Брус Вилис сега е само бледа сенка на познатиот полицаец од серијата „Умри машки“, бидејќи неговата деменција зема замав. Тој вчера тој го прослави 68-от роденден со членовите на семејството и снимката од прославата растажи многумина бидејќи познатиот актер повеќе не изгледа како порано.

Поранешната сопруга на Вилис, Деми Мур објави видео од неговата роденденска прослава, а обожавателите се загрижени бидејќи на видеото забележале дека Брус изгледа нестабилно на нозе, односно благо се сопнува и дека се гледаат трагите од тешката болест со која се бори, а забележале и дека му фали преден заб.

„Каде му отиде предниот заб? се прашуваа некои фанови. „Ми паѓаат солзи кога ќе го видам вака“, е еден од коментарите.

„Како е можно да му фали заб, а на човек да има милиони на сметката“, „Ми изгледа здрав, но знаците на болеста се очигледни, се гледа дека тешко се движи“, „Мојата мајката има деменција и гледајќи го ова видео гледам многу сличности“, се само дел од коментарите на загрижените фанови.

 

vecer.press