Црквичето “40 Маченици“ се наоѓа на Бајрот, во месноста позната како Крккардаш. Била подигната пред 150 години, на местото каде постоел некогашниот манастир “Св. Атанасие“.
Легендата за ова црква вели дека кога Османлиите ја освојувале Битола, во 1385, градот пружил голем отпор. Посебно се истакнувале малдите калуѓерите од овој манастир, триесет и девет на број. Тие во едната рака носеле крст, а во другата меч и така го бранеле манастирот. Гледајќи ја нивната храброст и посветеност, нив им се придружил и еден турски војник. Но силниот османлиски аскер ги совладал и сите 40 биле убиени на каменот што и денес се наоѓа кај црквичето. Оттаму месноста на Смилевскиот Баир каде што се наоѓа црквата го носи и името Крккардаш, што значи четриесет браќа (kırk) (kardeş).
Црквичето “40 Маченици“ било реновирано пред 20-тина години, кога била доведена вода и струја. Славата на ова црквиче е на првиот ден на пролетта, на 22 Март и секогаш е масовно посетено од Битолчани.
За многу години празникот!
Честито Младенци!
Убава и среќна пролет!
ФБ -Битола некогаш и сега