По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија пет кривични дела „тешка кражба“ извршени од товарно возило, магацин, модуларна болница при Клиничката болница Штип и киоск на територијата на општина Штип, од кои две биле извршени во октомври минатата година, додека три на почетокот на март годинава.
Како што информираат денеска од МВР, поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Д.М.(34) и СС.(26) двајцата од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
извор: МВР