Летиција Калдерон, мексиканската актерка која стекна голема популарност со улогата во серијата „Есмералда“, го има синот Лусијан, кој боледува од Даунов синдром.
Неодамна наполни 19 години, а актерката на Инстаграм сподели фотографии од прославата.
“Љубов моја! Продолжи да бидеш толку среќен и да ни донесиш радост“, напиша Летиција на Инстаграм со фотографиите.
View this post on Instagram
Калдерон еднаш раскажа како нејзиниот син имал големо влијание врз неа и дека никогаш не се прашувала „зошто јас“, како што прават повеќето родители кога дознаваат за дијагнозата на нивното дете.
„Тој е фантастичен и поласкана сум што е мој син“, изјави Летиција.
Инаку, актерката има уште еден син, Карл.
nova.rs