За време на протестите што вчера се одржаа во различни делови на Париз, по усвојувањето на контроверзниот план за пензиски реформи, приведени се 113 лица, јавува Анадолу.
Француските пратеници вчера ги отфрлија барањата за недоверба на Владата, што доведе до усвојување на контроверзниот план за пензиски реформи во Франција.
Во Париз дојде до тензии меѓу демонстрантите и полицијата.
Демонстрантите во француската престолнина се собраа на различни места, како што се станицата Сен Лазар, Плоштадот на Републиката и Бастилја.
Демонстрантите ги турнаа кантите за ѓубре натрупани по улиците на главниот град и го запалија ѓубрето.
Локалните медиуми објавија дека во Париз се приведени 113 демонстранти.
Реформите вклучуваат зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, како и најмалку 43 години работа за да се оствари право на полна пензија. Планот предизвика гнев во јавноста откако беше објавен минатата година, со масовни протести и штрајкови низ целата земја од јануари.
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.