ДЕМОКРАТИ: За кого работи вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби?

Додека Артан Груби е вицепремиер и министер за политички систем, неговиот брат Ветон Груби кој е сопственик на Туристичката агенција ЕТЦ Травел ДООЕЛ, добива државни тендери во вредност од еден милион денари, напиша на својот ФБ профил Јорго Огненовски претседател на политичката партија ДЕМОКРАТИ.

Во објавата Огненовски додава:

Владата и Министерството за политички систем чиј министер е Артан, имаат префрлено еден милион денари на фирмата на братот на Артан, Ветан Груби, во периодот од 2020 до 2022 година!
За работите да станат појасни, братот на Артан Груби купи дуќан на најексклузивната локација во Скопје, на улица „Македонија“ за 700 евра квадратен метар, во време кога туристичките агенции работат со загуби или пропаѓаат!
ДЕМОКРАТИ го прашуваат Артан Груби за кого работи?
Дали за граѓаните и македонската држава или за свои лични интереси и интересите на неговата фамилија?
Како ДЕМОКРАТИ не очекуваме дека ќе ни одговори јавно за кого работи, но ние веруваме дека Артан работи за свои лични интереси и интересите на неговата фамилија и партијата ДУИ!
Како ДЕМОКРАТИ веруваме дека тој не работи за интересите на сите граѓани и македонската држава, а исто така, не веруваме дека работи за интересите на сиромашниот албански народ, и покрај тоа што вели дека ги застапува интересите на Албанците во Македонија!
За жал, додека тој и неговата фамилија живеат раскошен живот, граѓаните на Македонија со секој изминат ден сѐ повеќе осиромашуваат и живеат помизерен живот.
Затоа, ДЕМОКРАТИ бараат ИТНО да си поднесе неотповиклива оставка и ЈО и МВР да го испитаат досегашното работење на Артан Груби!
За жал, македонската држава пропаѓа 32 години благодарение на политичките злосторнички криминални банди од редовите на криминалните партии на СДС-ДПНЕ-ДУИ и нивните полтронски приврзоци!
Поради сето погореспоменато, како и поради сите други причини кои јавно ги изнесуваме, ние, ДЕМОКРАТИ, ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат во борбата против УНИШТУВАЧИТЕ на Македонија и на народот!
Време е да ги турнеме од власт и никогаш повеќе да не им дозволиме да дојдат на власт УНИШТУВАЧИТЕ на Македонија, на нашите деца, внуци и сограѓани!

извор: ФБ Јорго Огненовски – демократи