Митева: Груби да каже дали 9 пратеници од власта не сакаат да гласаат уставни измени 1 пратеник од ДУИ барал пари за неговиот глас

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на коментарот на Груби дека имаат план како да ја придобијат опозицијата да гласа за уставните измени без притоа да се користат уцени и притисоци потенцираше дека Груби не треба да работи на ВМРО-ДПМНЕ, туку да поработи на тоа дали сите пратеници од неговата втора партија СДС, се спремни да гласаат за уставни измени.

-Груби кажа дека работел на тоа цело време да се гласало за уставните измени. Порачуваме да не се мачи, од ВМРО-ДПМНЕ. Груби да поработи на тоа дали сите пратеници од неговата втора партија СДС, се спремни да гласаат за уставни измени. И еве поставуваме отворени прашања, дали тројца пратеници од првата и втората изборна единица кажале дека ако е на маса ова тие нема да гласаат, дали пак 6-мина пратеници од внатрешноста на СДС им рекле дека уставните измени, цитирам: се најлошото нешто што може оваа влада да го направи. Дали еден пратеник од ДУИ побарал пари за да гласа? Груби не треба да работи на ВМРО-ДПМНЕ, Груби треба да си поработи во својот двор, рече Митева.

фото: ВМРО ДПМНЕ