Дедо од Србија бара баба за сериозна врска,вели „Имам пензија од 120 000 динари“

0
180

Дедо Драги Миќурин, од Србија преку ноќ стана популарен благодарение на неговата потрага по партнерка. Сѐ започна со видеото кое е објавено на „ТикТок“, преку кое дедо Драги бара баба до 79 години со која ќе поминува време заедно, пренесува „Н1“.

На видеото се објавени две слики од дедо Драги со текст:

„Која слика да ја објавам за да ми најдете баба која знае да подготвува јајца, супи и да ме бакнува?“, ги прашал дедо Драги тиктокерите.

По оваа објава, на неговиот профил беше објавено видео на кое се гледа како дедо Драги поминува време со пријателите, за потоа да се пожали со ново видео на „ТикТок“ дека добил голем број негативни коментари. Тогаш решил да соопшти колкава му е пензијата, а колку пари ќе одвои за идната партнерка, пишува „Нова.рс“.

„Добив многу негативни коментари. Сакам сериозна врска. Имам пензија од 120.000 динари, а на бабата ќе и давам секој месец по 50.000 динари“, се наведува во соопштението.

 

h1.rs