Утреово пред 7 часот полицијата извела акција на патарината на излез од Тетово во која според јавувањата на нашите читатели се слушале и истрели, за кои не се знае дали се од огнено или сигнално оружје, бидејќи еден од патниците во возилото се обидел да бега.
Возилото ( џип со црна боја ) чии патници полицијата ги апсела било сопрено во моментот кога поминувало на самата патарина. Во акцијата за сопирање на возилото се користеле службени возила на полицијата без полициски ознаки, кои имале само ротациони светла на коровот, што говори дека веројатно полицијата во цивилно возила го следела џипот.