Голема трагедија ја потресе Битола, откако шестгодишно девојче вчера починало на Детското одделение во битолската клиничка болница, пренесе „Независен.мк“.
Девојчето со симптоми на настинка, зголемена температура и дијареа било однесено од родителите во болница, кои велат дека тоа починало во текот на примањето на инфузија.
Директорот на болницата, Александар Обедниковски потврдил дека има починато дете, но мора да се изврши обдукција за да се утврди причината за смртта.
skopjeinfo.mk