Деновиве во Токио се одржува најпознатиот саем за наутика. Претставена и репрезентативна понуда на глисери, јахти, едрилици, чамци, скутери, бродски и надворешни бродски мотори, опрема за спортови на вода и други елементи на наутички туризам од директни и индиректни изложувачи.
На Саемот се изложени најпопуларните наутички брендови, меѓу кои и екстравагантни и скапи модели на пловни објекти вредни неколку стотици илјади евра, кои по правило со својот изглед и цена привлекуваат најголемо внимание на посетителите.
На посетителите им се достапни и поевтини чамци, а посебен сектор е одвоен за скутери, за кои интересот од година во година расте.
видео: Адријан Битрак за NEWS1.MK