(ВИДЕО) Неовластено снимање, навреди, закани кон македонски полицајци – бугарски пратеник го објави инцидентот на граница

Неовластено снимање, навреди, закани, буткање со македонски полицајци. Ова се гледа на видеото од инцидентот на граничниот премин Деве Баир кој резултираше со апсење на тројца бугарски државјани.

Снимката ја објави бугарскиот пратеник Ангел Георгиев. Mакедонските полицајци се обидуваат да го вратат во неговото возило, но тој упорно одеше кон нив без никаква дозвола тука да се движи. Со примена на сила тој беше вратен во неговото возило.

На снимката се гледа дека тој што снима е исто така спроведен во просториите на станицата.

видео: ФБ Ангел Георгиев