Шефицата на германската дипломатија, Бербок се сретна и со Мицкоски

0
152

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок во овие моменти разговара со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во резиденцијата на германскиот амбасадор во Скопје. Бербок претходно најави дека ќе бара поддршка за уставните измени од сите демократски политички фактори во земјата. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ досега беше дека нема да дадат поддршка за уставните измени. Мицкоски на средбата го придружуваат партиските потпретседатели Александар Николовски и Тимчо Муцунски.

извор: DW