ДЕМОКРАТИ: Наскоро и без плати ќе останат партиските кадри – ,,полтронските гласачи”

0
156

Вработените во Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, протестираа за да им се зголемат платите.
Се жалат дека платите на 70 проценти од вработените биле помали од просечната плата во Македонија, велат од политичката партија Демократи.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Бараат платите да им бидат покачени како на вработените во Министерството за финанси, на кои им беа зголемени за 30 проценти пред неколку месеци!
На јавната администрација, (партиските кадри – ,,полтронските гласачи”), не само што нема да им се покачат платите колку тие посакуваат, туку ќе бидат бркани од работа!
Буџетот на Македонија нема пари да ги финансира платите и доприносите на пренатрупаната јавната администрација, (партиските кадри – ,,полтронските гласачи”), вработена од страна на криминалните политичките партии и не ќе може повеќе да бидат финансирани од кредити, како што до сега се финансирани.
ДЕМОКРАТИ повикуваат ИТНО да се донесе Закон, кој Закон ќе забрани вработување на партиски послушници и полтрони во државните институции.
Единствен услов за вработување треба да биде стручноста, искуството, професионалноста, а не политичката, националната и религиската припадност!

извор: демократи